Дебелото црево ( intestinum
crassum) е дел од системот за
варење кој се надоврзува на
тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од тенкото, има поголем дијаметар. Се
диференцира на 3 дела:
·
Слепо црево (coecum)
со црвовиден израсток (appendix vermiformis);
·
Колон (Colon);
·
Право црево (Rectum),
со кое и завршува дигестивниот систем.
Дебелото црево е мускулно
лигавичен цевчест орган и претставува завршен дел од системот за варење.
Неговата должина изнесува околу 1,5 метри. Започнувајќи од десната бедрена јама
дебелото црево формира рамка околу витките од тенкото црево. На дебелото црево
се разликуваат три дела: слепо
црево, сито црево и право црево.
1. Функција на дебелото црево
Варење и репсорпција на
храната речиси во потполност се остварува во тенките црева. Црвениот сок од
дебелото црево не содржи ферменти.
Главната компонента му е муцинот, а електрохемиската реакција му е алкална.
Во почетниот дел на
дебелото црево делумно се одвива варење на недоварените продукти под влијание
на ферментите што дошле со химусот од тенкото црево. Во исто време, тука
завршува и ресорпцијата на минималните количини на глукозата, аминокиселините, масните
киселини и глицеролот.
Дебелото црево се одликува
со богата црвена флора која во нормални случаи не му пречи на човекот. Црвените
бактерии со своите ензими ги разградуваат протеините, јаглехидратите и нивните деградациони
продукти при што во дебелото црево се создаваат гасови: јаглерод диоксид, водород, сулфурводород, метан, азот и
токсичните материи: индол, скатол,амонијак и др. Најголем дел од овие материи се
елиминираат од организмот, а еден дел се ресорбираат и неутрализираат од страна
на хепарот.
Цревните бактерии учествуваат
во разградбата на целулозата.
Некои од нив се одговорни за синтеза на витамините,
како што е случај со витаминот К.
2.
Движење на дебелото црево
Со
перисталтичните движења химусот преку илеоцекалната валвула се префрлува во
дебелото црево. Долж дебелото црево химусот се движи по пат на пендуларните и
перисталтичните движења. Движењата се бавни, а со тоа се објаснува и долгото
забавување на остатоците од храната во дебелото црево. Дебелото црево е
инервирано од вегетативноит нервен систем (симпатикус и парасимпатикус).
3. Ресорпција на дебелото црево
Дебелото црево од
функционална гледна точка може да се подели на два дела. Во почетниот,
проксимален дел од дебелото црево се одвива ресорпција на вода и електролити, дисталната половина служи
за депонирање на фекалните маси пред да бидат исфрлени во надворешната средина
со актот на дефекација.
Натриумовите јони се
ресорбираат по пат на активен транспорт. Настанатите промени со електричниот
потенцијал ги повлекуваат и хлорните јони од празнината на дебелото црево.
Тоа предизвикува создавање на разлика во осмотскиот притисок меѓу цревната
празнина и цревната лигавица, па затоа водата го следи патот на натриумовите и
хлорните јони. На тој начин се остварува ресорпција на водата од дебелото
црево. Ресорбираните материи влегуваат во портален крвоток.
Лигавицата на дебелото
црево лачи бикарбонатни јони во цревната празнина.
Бикарбонатите вршат неутрализација на киселите продукти во химусот настанати од
активноста на цревните бактерии врз хранливите продукти во химусот.
Во почетниот дел на
дебелото црево под влијание на цревната флора се создаваат следниве витамини:
витаминот К, витаминот Б12, тиаминот и рибофлавинот.
Создавање на гасови во
дебелото црево е резултат на активноста на цревните бактерии.
4. Дигестија во дебелото црево
Дигестијата и
ресорпцијата
на
храната
завршуваат во дебелото црево. Во
отсуство на
ензими
во цревниот сок од дебелото црево,
активна е
цревната микрофлора
која ги разградува несварените
состојки од храната. Како последица се ослободуваат
гасови
(јаглерод диоксид,
сулфур,
водород,
метан,
азот
и
токсични материи, како
амонијак
скатол
итн.). Одделни видови на
бактерии
учествуваат во
биосинтезата
на
витамините
К,
B
12,
B
2 и
B
1). При долготрајна
терапија
со
антибиотици,
оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.
Во дебелото црево, од
несварените состојки на храната, секретите и цревните микроорганизми се формира фецесот. Во него понекогаш можат да се
најдат и цревни паразити. Тој се
отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот дефекација.