Monday, May 20, 2013


5.  Ректум ( Rectum )

Крајниот дел од ректумот завршува со анус (anus). Анусното црево се наоѓа во малата карлица и тоа пред крстната и тртничката коска. Неговата должина изнесува 12 до 15 cm.  Кружниот слој од мускулатурата на ректумот над анусот гради внатрешен сфинктер инервиран од симпатички влакна. Околу него се наоѓа еден напречно пругаст мускул, тоа е надворешен сфинктер на анусот.
Во завршниот дел од ректумот се наоѓаат венски сплетови. Вените често пати се прошируваат во хемороидални јазли коишто крварат. На површината од дебелото со исклучок на ректумот се забележуваат три надолжни ленти или тении изградени од надолжниот мускулен слој. Меѓу нив се наоѓаат проширувања налик на ќесиња (haustrae coli). Лигавицата од дебелото црево формира напречни полумесечести дипли. Таа е мазна и нема цревни ресички.

No comments:

Post a Comment