8. Воспаление на слепото црево
Блокада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево стануав надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот. Симптомите можат да започнат со умерен болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен. Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока. За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потревен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).
No comments:
Post a Comment